Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ: На изборите излегле 58% од граѓаните

БиХ: На изборите излегле 58% од граѓаните

Според податоците на изборните штабови, 58 проценти од граѓаните на БиХ излегле на денешните избори, што е осум посто отколку пред четири години. Тоа се засега неофицијални прогнози бидејќи централната изборна комисија на Босна и Херцеговина не ги соопштила податоците за тоа колку гласачи излегле на општите избори.

Во најголемиот град на Република Српска, Бања Лука, на избирачките места излегле околу 60 посто од регистрираните бирачи.

Од Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) соопштено е дека првите неофицијални резултати од гласањето ќе бидат објавени на полноќ на 12 октомври за членовите на Претседателството на БиХ.

Изборите протекле воглавно без поголеми инциденти, а избирачките места се затворени во 19 часот. Како што е најавено, првите прелиминарни резултати би можеле да бидат познати околу полноќ, а веќе во текот на вечерта изборните штабови на партиите би требало да ги имаат неофицијалните изборни резултати.

Граѓаните на 5401 избирачко место, ги бирале членовите на Претседателството на БиХ, пратениците во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, пратениците во кантоналните собранија и Народното собрание на РС, како и претседател и заменик-претседател на РС.

На изборите учествуваа 98 политички субјекти, чии имиња се наоѓаат на гласачкиот лист, а од нив 50 се политички партии, 24 коалиции, 24 независни кандидати и вкупно 7748 кандидати.

Слично

Поврзани вести