Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ ја „окупираат“ туристи од Саудиска Арабија

БиХ ја „окупираат“ туристи од Саудиска Арабија

Од година во година, расте бројот на арапски туристи во БиХ. 

Додека едни тврдат дека тоа е добро, други се загрижени заради овој тренд. 

Во првите шест месеци од годинава 4039 туристи од Саудиска Арабија ја посетиле БиХ, покажуваат статистичките податоци. 

Тоа е за 95.8% повеќе од истиот период лани. 

Гостите од Саудиска Арабија оствариле 9249 ноќевања, односно биле по 2-3 дена во просек во земјата. 

Од Кувајт имало 3519 гости или за 7.4% помалку од истиот период лани. 

Од Катар, Емиратите и други арапски земји имало вкупно 21.803 посети. Тоа е двојно повеќе од истиот период лани. 

Доаѓаат семејства, но и група мажи, пријатели, познаници. Некои од нив доаѓаат за да купат земјиште, станови, или куќи близу Сараево.  Дневно во просек трошеле по 300 марки, сума во која е вклучено и сместувањето. 


Слично

Поврзани вести