БиХ ја обвинува Хрватска за „млечна војна“
Аферата околу млекото на хрватските производители Дукат и Виндија во кои е пронајден афлатоксин не се смирува. Сточарите од Босна и Херцеговина (БиХ) тврдат дека со тоа им е објавена „млечна војна“
Како што пишуваат босанските медиуми, сточарите во БиХ ги обвинуваат хрватските власти дека им е објавена „млечна војна“ и уверени се дека хрватските власти ги пласираат овие информации дека афлатоксинот е пронајден во млеко во БиХ за да се санира штетата предизвикана од хрватските производители на млеко, пишуваат регионалните медиуми.
Весникот „Независне новине“ од Бања Лука пренесува дека побарувачката на млеко од БиХ во Хрватска во последните 10 дена, откога квалитетот на домашното млеко е доведен во прашање, пораснала за дури 30%
Претседателот на Здружението на производители на млеко во Република Српска, Владимир Усорац вели дека е очигледно да во оваа приказна нешто не е во ред бидејќи хрватските власти, според неговите зборови, не ги известиле надлежните институции во БиХ дека млекото не е исправно.
“Да е тоа вистина, одамна ќе стигнеше официјална информација од Канцеларијата за ветеринарство на хрватска. На овој начин сакаат на нас да ни подметнат кикавичко јајце и на своите потрошувачи да им дадеме до знаење дека домашните производи се штетни, што апсолутно не е точно“ вели Усорац.
Според претседателот на Здружението, кравите во БиХ, за разлика од хрватските, се хранат на природен начин, со здрава храна, без примена на хемиски супстанци.
„На сите во регионот им е јасно дека нашето млеко е едно од најквалитетните. Хрватите едноставно неможат да се помират со тоа дека нивното млеко нечини, па истата мака сакаат да ја натоварат и на нашиот врат“ потенцира Усорац.
Од Канцеларијата за веретинарство на БиХ, како што пренесуваат регионалните медиуми потврдиле дека никој не контактирал со нив иако Хрватска е обврзана да го направи ако во млекото е пронајден афлатоксин.
Слично
