Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ има повеќе возила отколку вработени

БиХ има повеќе возила отколку вработени

Вкупно 776.415 патнички возила се регистрирани минатата година во БиХ, покажуваат податоците на авто-мото сојузот БИХАМАК. Кога ќе се спореди со бројот на вработени од 689.270, според статистиката од декември 2013, се доаѓа до заклучок дека БиХ е редок случај на слабо развиена земја во светот која има речиси 87.000 автомобили повеќе отколку вработени лица, објави порталот Кликс.

Но дури ни бројката од 776.415 возила, кои ги поседуваат граѓаните на БиХ не е конечен, бидејќи во земјата минатата година се регистрирани 895.425 моторни возила, што вклучува товарни возила, автобуси, но и мопеди и мотоцикли.

Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, во земјата се уште има висок степен на невработеност. Бројот на невработени е 553.762, но податоците на БИХАМАК покажуваат дека многумина, иако немаат редовни примања, поседуваат патничко возило.

- Тоа сме ние, ни нема рамни во светот. Постои тренд дека секој мора да поседува возило. Слично е и со мобилните телефони, кои денес сите мора да ги имаат, вели за Кликс Осман Линдов, професот на Факултетот за сообраќај и комукиација во Сараево.

Тој објаснува дека во БиХ многу се возат стари возила, постари од 15 години, и дека и покрај финансиските трошоци за гориво, регистрација и одржување на возилото, голем број семејства поседуваат и по две возила.

- Според претходните закони, кои беа во сила до пред 5-6 години, некој кој прима социјална помош не можеше да регистрира моторно возило. Но денес тоа не е случај. Државата практично не ограничува никого да поседува возило, вели Линдов.

Слично

Поврзани вести