Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ го троши трпението на ЕУ

БиХ го троши трпението на ЕУ
Со санкции од Брисел може да се соочи  БиХ доколку  продолжи да го забранува увозот на земјоделски производи од Хрватска, пишуваат Независне новине. Весникот ја пренесе изјавата на неименуван европски дипломат дека Брисел смета дека однесувањето на БиХ е недозволен протекционизам на некои големи земјоделски производители и дека трпението на ЕУ е при крај. Најверојатна мерка која се разгледува е воведување на реципроцитет за производите од БиХ на европскиот пазар, што може да значи симнување од листата на поволна трговија со ЕУ на некои производи кои ги извезува БиХ.
Слично

Поврзани вести