Економија, финансии, бизнис

Контакт

БиХ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ: Сепак Македонците нема да можат да патуваат во оваа земја

БиХ ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ: Сепак Македонците нема да можат да патуваат во оваа земја

БиХ ги отвора границите само за државјаните на три држави. 

Советот на министри на Босна и Херцеговина одлучи да ги отвори границите за државјаните на Србија, Хрватска и Црна Гора, а од 1 јуни ќе бидат отворени и аеродромите.

Претседавачот Зоран Тегелтија објанси дека одлуката се однесува само за влез на граѓаните на Хрватска, Србија и Црна Гора. 

Ваквата одлука е донесена со оглед на тоа што епидемиолошката состојба во регионот е сè постабилна во последниве денови.

Аеродромите во Сараево, Тузла и Мостар ќе бидат отворени за меѓудржавен сообраќај од 1 јуни, со почитување на одреден режим, пишуваат сараевските медиуми.

Границите на БиХ остануваат затворени за Македонија.

Македонците засега не можат да патуваат во Хрватска и Црна Гора. 

Во последните 24 часа во Македонија има 38 заразени со Ковид - 19, а тројца починаа. 

Слично

Поврзани вести