БиХ е земја која најбрзо се празни
Извештајот на Обединетите Нации (ОН) покажува дека Босна и Херцеговина (БиХ) е прва на листата на земји со најголемо намалување на населението.
Таа годишно губи над 1,5 отсто од своето население. Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, едната на седмо, а другата веднаш по неа, на осмо место. ОН очекуваат Летонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Косово, Ерменија, Северна Македонија, Полска, да изгубат 40 до 50 отсто од населението до крајот на овој век. До ваквата состојба водат иселувањето, нискиот наталитет и стареењето на населението.
foto freepik.com/bepslab
Слично
