Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Биди трезен стигни жив“- Гратис такси за поднапиени гости во Охридски кафулиња

„Биди трезен стигни жив“- Гратис такси за поднапиени гости во Охридски кафулиња

„Биди трезен стигни жив“ е нова кампања која ќе ја спроведува охридската полиција а која има за цел едукација и доброволно алкотестирање на дел од гостите.

Оние гости кои ќе дозволат да бидат тестирани, ќе добиат црвен или зелен картон, а кај лицата кај кои ќе биде констатирано поголемо количество на алкохол ќе добијат ваучер за бесплатен такси превоз.

Оваа кампања доаѓа како резултат на големиот број сообраќајни несреќи чиј број годинава во Охрид изнесува 216 сообраќајни незгоди, од кои две се со фатални последици.

Надлежните соопштија дека целта на кампањата „Вози тревен-стигни жив“ е унапредување на сообраќајната превенција, подигнување на степенот на сообраќајната култура кај возачите на моторни и други возила и подигнување на свеста за штетните и кобни последици од возењето под дејство на алкохол.

Слично

Поврзани вести