Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бидете Ultra организирани и намалете го секојдневниот стрес со едноставни совети

Бидете Ultra организирани и намалете го секојдневниот стрес со едноставни совети

Една од најголемите промени во нашите животи во претходната година е фактот дека добар дел од времето поминуваме дома. Нашите домови станаа канцеларии, ресторани, теретани и салони за убавина. Од нас се очекува да бидеме постојано достапни, па затоа се губи јасната линија помеѓу работното и слободното време. Ништо од ова не помага на нашата продуктивност и ефикасност, туку, напротив, не прави дезориентирани и хаотични и влијае на сите сегменти од нашите животи. Клучот за успехот во секој од нив е во добрата организација на времето, која покрај тоа што придонесува за успех, го намалува и стресот. Ако сакате да бидете Ultra организирани и сè да постигнувате со леснотија, пробајте да ги примените следниве совети:

1. Рано станување

Наједноставен начин да го продолжите денот и да го користите на најдобар можен начин е да создадете навика за рано станување. Утрото е најпродуктивниот дел од денот - ние сме одморени и максимално фокусирани, па затоа е идеално време за најтешките задачи. Велат дека за да стекнете нова навика доволен е 21 ден, по што веќе ни аларм нема нема да биде потребен.

2. Планирање

Ако и понатаму спаѓате во групата на оние кои чуваат сè во главата, сега е време да започнете да ги запишувате своите обврски. Пред да одите на спиење, со мислите поминете низ утрешниот ден, размислете колку време ви треба за обврските и запишете ги на вашиот TO DO списокот. Држете се до него цел ден и не заборавајте да ги обележувате сите заврштени обврски - чувството на продуктивност е неверојатно!

Без разлика дали користите традиционален планер или не, постојат голем број апликации и опции на паметните телефони што можат да ви го олеснат животот - Google Calendar, Trello или Samsung Notes, кои автоматски ги претвораат неуредните белешки во разбирливо испишан текст и нудат опција за корекција и обележување на делови од текстот во различни формати.Запишувањето белешки може да го олесни и S Pen пенкалото, кое, благодарение на Wacom технологијата, обезбедува непречено користење при пишување планер, водење белешки или потпишување документи.Ова специјално пенкало за прв пат досега, може да се користи и на еден телефон од Galaxy S серијата, со што новиот Galaxy S21 Ultra стана идеален уред за сите оние на кои им е потребна максимална продуктивност и креативност. И не мора повеќе да се грижите дали овие дополнителни апликации ќе заземат премногу простор или ќе трошат премногу батерија - Galaxy S21 Ultra има и до 16 GB RAM меморија и батерија од 5000mAh која трае подолго од еден ден, дури и при интензивна употреба.

3. Приоритети

Една од најважните тајни на организираните луѓе е поставувањето приоритети. Важно е да знаете како да го одделите важното од ирелевантното и да научите да кажете НЕ. Еден од системите за утврдување и поставување приоритети е Ајзенхауеровата матрицата, која ги дели активностите и задачите на итни, важни и неитни.

Важните активности водат до постигнување на целите, итните бараат внимание веднаш и обично се поврзани со ситуација што треба да се реши што е можно побрзо. Она што е итно и важнонаправете го прво, а потоа преминете на решавање на сите итни задачи. Потоа фокусирајте се на важни работи што не се итни, а оние што не се ниту важни ниту итни, обидете се да ги избегнете или одложите.

4. Распакувајте го опкружувањето

Без разлика дали работите од дома или во канцеларија, она што ве опкружува е од голема важност за продуктивноста. Многу е важно да го средите нередот во вашата околина, со цел непотребното одвлекување на вниманието да го сведете на минимум. Отстранете од работната површина сè што не ви треба за работа, секојдневно сортирајте пораки и мејлови и избришете ги сите што не се важни за вас.Уредното опкружување ќе придонесе за вашиот фокус и мотивација, но исто така ќе го олесни наоѓањето на важните работи. Ако сте од оние што редовно губат клучеви, паричник и слично, новиот Galaxy SmartTag bluetooth локатор, премиерно претставен заедно со S21 серијата телефони, е вистинскиот уред за вас! Благодарение на овој локатор, можно е да пронајдете уреди и предмети што не се поврзани на интернет, а сè што треба да направите е да закачите SmartTag на клучевите, торбата или огрлицата на вашето домашно милениче и преку SmartThings Find опцијата, брзо да ги пронајдете каде и да сте ги заборавиле.

5. Одвојте време за себе секој ден

Честопати се брзаме да постигнеме сè, па едноставно забораваме да се посветиме на себе - затоа здравиот сон, квалитетна исхрана и нега на тело се клучни. Откако ќе ги одбележите сите ставки од вашата TO DO листа, погледнете епизода од омилената серија, испијте кафе со пријателите или прошетајте покрај реката и снимете го зајдисонцето со помош на феноменална камера на S21 Ultra од дури 108MP. Напредни опции засновани на вештачка интелигенција се тука за да ја прилагодите количината на осветлување од сите агли, за совршени фотографии од зајдисонце на вашиот Инстаграм профил.

И не заборавајте - ако се чувствувате добро во вашата кожа, сè одеднаш станува полесно. 


Слично

Поврзани вести