Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БИ САКАЛЕ ДА СЕ ПРЕТСТАВИМЕ КАКО ВЛАДА КОЈА Е ОРИЕНИТРАНА КОН БИЗНИСОТ“: Мицкоски вели дека го ослободил бизнисот од политички притисоци

„БИ САКАЛЕ ДА СЕ ПРЕТСТАВИМЕ КАКО ВЛАДА КОЈА Е ОРИЕНИТРАНА КОН БИЗНИСОТ“: Мицкоски вели дека го ослободил бизнисот од политички притисоци

Во текот на изминатите четири квартали, дојдовме до раст на БДП од над 3 проценти. Оваа влада беше избрана пред од прилика 15 месеци и од самиот почеток нашиот најголем приоритет е економската стабилизација на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски на работна средба со Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанската Комора на Дубаи.

„Би сакале да се претставиме како влада која е ориентирана кон бизнисот, влада која сака да ги поддржува деловните и бизнис можностите, да донесе што е можно повеќе директни странски инвестиции и секако да ги поддржи домашните директни инвеститори. Имаме значителен раст на инвестициите во текот на втората половина од минатата година и првата половина од оваа година, споредбено со претходните години“, рече Мицкоски.

Вели, веќе нема политичари кои вршат притисок врз бизнисите, што според него, е важно за земјата. 

„Во минатото тоа беше голем проблем за бизнис заедницата. Тоа ми беше прв чекор, да ги ослободам бизнисите од надворешните политички притисоци и да им дозволам да растат слободно и тоа е нешто што додава вредност на нашата економија досега“, вели Мицкоски.

Слично

Поврзани вести