Економија, финансии, бизнис

Контакт

Би Би Си: Охридското езеро може да пресуши со претерана урбанизација

Би Би Си: Охридското езеро може да пресуши со претерана урбанизација
„Балканскиот Галапагос е под закана. Домот на уникатните видови риби и полжави, Охридското Езеро може да пресуши доколку се гради во неговото Блато“, ова е почетокот на статијата во познатото списание за дивиот свет Би-би-си вајлдлајф мегазин ( BBC Wildlife Magazine). Во Студенчишкото Блато има изобилство на уникатна фауна, како и место за мрестење и гнездење на многу видови жив свет кои го чинат екосистемот на Охридското Езеро. На тоа место, со новиот урбанистички план за Охрид се планира Блатото да се исуши за да се изградат луксузни апартмани и хотели. Од здружението Охрид SOS, алармираат дека со тоа ќе се промени квантитетот и квалитетот на подземните и површинските води, што е сериозна закана по биолошката разновидност на Блатото како и на целото езеро. Активисти од Охрид SOS во јуни испратиле и отворено писмо до градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, во кое бараат да се намалат проектите во Студенчишко Блато, но се уште немаат одговор.
Слично

Поврзани вести