Бежоска разговарала со директорката на ММФ: Се огласи Георгиева
Продуктивен разговор со гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, напиша на својот налог на Твитер, генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.
„Народната банка игра витална улога - ублажување на влијанието на кризата и обезбедување на економска и финансиска стабилност. Нејзината професионалност и независност се неопходни, стои во твитот.
Productive call with North Macedonia's National Bank Governor Angelovska Bezhoska.
— Kristalina Georgieva (@KGeorgieva) March 25, 2021
The National Bank plays a vital role: mitigating the impact of the crisis and ensuring economic and financial stability. Its professionalism and independence are essential.
Од Народната банка соопштија дека на состанокот била нагласена важноста на силните и кредибилни институции, особено во услови на криза, кога треба да сторат сѐ што е потребно за зачувување на довербата и поддршка на домаќинствата и компаниите.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги нагласи поддршката и партнерството од страна на ММФ низ годините. „За нас е особено важно што имаме меѓународен партнер со силен интегритет, професионализам и стручност, којшто постојано вложува во подобрувањето на нашите капацитети и ни помага во зацврстувањето на нашата улога во општеството.“ – кажа гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Во однос на тековната здравствена криза, Георгиева и Ангеловска-Бежоска разговарале за неизвесноста и предизвиците за носителите на политики во периодот што доаѓа.
„На состанокот беше истакнато дека на глобално ниво е потребна будност и претпазливост во овие околности и заради неизвесноста околу времетраењето и последиците од пандемијата. Ова се однесува и на политиките на финансискиот сектор, во коишто треба да има мерки за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во тој контекст беше посочено на неопходноста од претпазливост во политиките за распределба на дивиденда, како важен чекор во градењето на капацитетот на системот, сѐ додека не започне процес на одржливо закрепнување, стои во соопштението.
