Економија, финансии, бизнис

Контакт

Безос само еден ден најбогат човек на светот

Безос само еден ден најбогат човек на светот

Џеф Безос само еден ден беше најбогат човек на светот и на оваа позиција изби за прв пат поради вредноста на акциите на Amazon на берзите, но по откривањето на финансиските извештаи во кои се гледа дека компанијата има намален профит за сметка на поголемите трошоци и инвестиции и неговото лично богатство беше за нијанса намалено.

Тоа е доволно за вечниот шампион Бил Гејтс повторно да се врати на врвот како најбогат човек на планетата. 

Amazon сега се фокусира на нови стратегии на продажба, а покрај онлајн шопинг вложува премногу во сопствена видео продукција со развој на ТВ серии и филмови за прикажување и стриминг. 

Исто така доставија понуда за преземање на синџирот на маркети WholeFoods за околу  13 милијарди долари.


Слично

Поврзани вести