Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЗОС ИЗГУБИ 20 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВА ДЕНА: Има толку пари што и покрај тоа е најбогат на светот

БЕЗОС ИЗГУБИ 20 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВА ДЕНА: Има толку пари што и покрај тоа е најбогат на светот

Главниот извршен директор на Амазон и најбогат човек во светот Џеф Безос за два дена изгубил 19,2 милијарди долари, додека акциите на неговата компанија паднале за дури 14 отсто.

Ова, како пренесува Блумберг е најголемата забележана загуба во рок од два дена, со што Безос го урнал неодамнешниот рекорд на шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој во јули изгубил импресивни 16,5 милијарди долари, откако неговата компанија не ги исполнила очекувањата на пазарот.

И покрај енормните загуби Безос и понатаму е прв на листата најбогати луѓе на светот со нето имот од 133 милијарди долари, што е за околу 40 отсто повеќе од второпласираниот на листата Бил Гејтс, чие богатство изнесува 94,2 милијарди долари.

Една од причините за ваквото големо водство на Безос е таа, што за разлика од Гејтс, тој не донирал многу во добротворни цели.

Гејтс донирал скоро 35,8 милијарди долари од својата добротворна организација, што е 27 проценти од неговото лично богатство.

Безос дури неодамна влезе во добротворните води, кога во септември објави дека формира добротворен фонд во вредност од две милијарди долари за предучилишни установи во заедници со ниски приходи и за помош на бездомници.

Сепак, по неколку лоши денови, богатството на Безос на 31 октомври благо се опоравило, бидејќи заработил 5,4 милијарди долари по скокот на вредноста на акциите на Амазон за 4,4 отсто.


Foto: Reuters / Joshua Roberts


Слично

Поврзани вести