Економија, финансии, бизнис

Контакт

Безмалку 4 милиони евра дале Скопјани за „вечен живот“ минатата година

Безмалку 4 милиони евра дале Скопјани за „вечен живот“ минатата година

Двете акционерски друштва во Скопје кои работат на одржување на гробиштата во Бутел, Ѓорче Петров, Драчево и Камник, како и на погребалниот сервис оствариле безмалку 4 милиони евра приходи минатата година, покажуваат финансиските извештаи на двете претпријатија што ги објавија за 2019-година.

Зголемени приходи пријавиле и двете друштва. Погребниот сервис АД Бутел остварил приходи од 120 милиони денари, односно 10 повеќе од една година претходно за своите услуги при организацијата на погребите, а добивката која ја прикажува изнесува 8,1 милиони денари, односно двојно поголема во однос на 2018. 

АД Бутел - Скопје, претпријатието кое пак ги оддржува гробиштата и отстапува гробни места, остварило приходи од 101 милиони денари, односно 8 милиони повеќе од 2018 и за разлика од тогаш кога е пријавена загуба, овој пат има добивка од 3 милиони денари.

Двете претпријатија се основани од Град Скопје, а функционираат како акционерски друштва чии хартии од вредност не котираат на берзата.

А.К.

Слично

Поврзани вести