Безбедноста во Македонија е стабилна, потврди Спасовски
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Битола изјави дека безбедносната состојба во Република Македонија е стабилна.
Спасовски рече дека не треба да се преземаат активности исклучиво во интерес на партија, затоа што со тоа се наштетува на државата.
„Договорот беше шанса за помирување и секој од политичките субјекти треба да биде длабоко свесен дека влечејќи потези исклучиво во интерес на партијата, всушност прави потег против интересите на граѓаните на Република Македонија“- рече Спасовски.
Министерот присуствуваше на поменот за 15-годишнината од загинувањето во тетовско Вејце, на бранителите Марјан Божиновски, Илчо Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски.
Слично
