БЕЗБЕДНИ ЛИ СЕ ГРАЃАНИТЕ: Иванов тврди дека се следат повратниците од боиштата во Сирија
„Како се губи територијата на ИСИЛ на боиштата во Сирија, но исто така и во Либија, голем дел од тие лица се обидуваат да се вратат од земјите од каде што отишле на боиштата или, пак, кои заедно со мигрантите стигнале на територија на ЕУ да преземат такви акции", истакна македонскиот претседател. Имајќи предвид дека само Балканот има преку 1.000 странски борци на боиштата во Сирија, а 60 отсто од нив се вратени, според претседателот Иванов, и нашиот регион не е исклучен од можни терористички акти. „Затоа, сево ова што го прави Армијата со поддршка на Полицијата која е тука да и даде поддршка, е од корист на сите земји кои се долж и Балканската рута, но и долж Европа како континент", рече претседателот Иванов. Македонските служби и полицијата, истакна македонскиот претседател, интензивно ги следат лицата кои се повратници од боиштата. „Ја кажувам бројката, 86 имаме во моментот во Македонија. Дел од нив се и преку акцијата „Ќелија" приведени, дел од нив се следат, но тоа е тешко докажлив дел, не можете да докажете ако немате докази и Полицијата и службите досега ефикасно се справуваат со тоа, но тоа се и поединечни акти на насилство. Никогаш не можете да предвидите кога ќе се случат. Досега нашите служби успешно се справуваат", рече претседателот Иванов. Претседателот Иванов потенцираше дека и локалното население треба да знае за тие лица и треба да соработува со надлежните институции и да ги пријавуваат тие лица кои се потенцијални можни сторители на такви терористички акти.
