БЕЗБЕДЕН БАЛКАН:Вучиќ и Борисов ќе се залoжат за зачувување на мирот на Балканот
Српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска имаа средба во Мостар.
Вучиќ изјави дека многу време има пред нив и многу нешта можат да се случат пред претстојниот Самит во Софија, затоа е важно да направат сѐ што е можно за да се зачуваат мирот и стабилноста на Балканот.
Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека се зголемува интересот на инвеститорите за регионот и дека ЕУ се залага за мир и просперитет на Балканот.
„Дали и големите геополитички играчи го сакаат истото - не знам“, изјави Борисов и изрази надеж дека и колегите во Косово ќе продолжат во ист дух.
Тој оцени дека компликациите и конфликтите од пред две недели во Косово предизвикуваат загриженост кај сите, бидејќи раните сѐ уште се свежи.
