Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без вода неколку населби во тетовско

Без вода неколку населби во тетовско
Голем дефект во водоводната мрежа е главната причина зошто жителите на неколку тетовски населби како Пржова бавча на патот кон жичарницата во Тетово изминативе 4-5 дена беа без вода за пиење,  информира директорот на ЈКП „Тетово“, Ајет Мурати. - Екипите на ЈКП „Тетово“ интервенираа и го отстранија дефектот така што очекувам дека во текот на денот граѓаните и во овие делови од градот повторно ќе добијат вода за пиење, рече Мурати. Директорот  истакна и дека засега нема рестрикции во водоснабдувањето, но поради намалувањето на издашноста на изворите од кои Тетово се снабдува со вода можно е во следниот период повторно да бидат воведени и рестрикциите со кои тетовци се соочуваат секоја есен и зима. - Моменталната издашност на изворите изнесува само 190 литри вода во секунда што заедно со капацитетот на бунарите од 60 литри дава вкупно 250 литри вода во секунда, што е недоволно за градот бидејќи потребите се движат од 300 до 350 литри. Поради ова во соработка со општината повторно ќе биде разгледана опцијата за рестрикции во водоснабдувањето но во колкава мера ќе се знае по средбата со локалните власти, најави Мурати.  
Слично

Поврзани вести