Без вода денеска неколку скопски улици!
Oд ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информираат дека заради дефект на водоводна цевка, на раскрсницата помеѓу улиците Московска и Будимпештанска, од 22:30 часот без вода се корисниците на потегот од раскрсница Московска со Женевска до бул.Митрополит Теодосие Гологанов.
На отстранување на овој дефект ќе се работи во текот на денешниот ден (17.09.2014).
Исто така, денес заради дефект на водоводна цевка на ул.11ти Октомври, од 09:30 часот до санирање на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на потегот помеѓу бул.Кочо Рацин и Рампа (опш.Центар).
Слично
