БЕЗ ВАС НЕМА ДА УСПЕЕМЕ: Матурантите се сетија на своите професори!
Протестите и незадоволството од новиот модел на државната матура како и целиот концепт на екстерно тестирање, кај матурантите разбуди и креативна страна. Велат дека без подршка од своите наставници и ментори кои се и нивни животни примери со кои честопати знаат да се поистоветуваат, не би можеле да го постигнат личниот но и колективниот успех.
За да им се заблагодарат и оддолжат за нивното разбирање, внимание и подршка, матурантите од кариерниот центар во гимназијата “Раде Јовчески-Корчагин” по втор пат вечерва ја реализираат “корчагинската просветилка” или како што ги нарекуваат “корчагински оскари” за оние професори кои предавале во нивната генерација. Награди, велат од организацијата, ќе има за најорганизираниот, најкул, најљубезен, најавторитетен, музикален, трпелив, кооперативен, амбициозен, внимателен, смирен, хуман и угледен професор, а тие повторно заедно со учениците ќе продефилираат на црвениот тепих како вистински филмски ѕвезди.
“На овој начин им оддавaме почит на професорите давајќи им награда со епитет кој најмногу ги опишува.На пример најфешн, најамбициозен, нај-openminded, најхумористичен, најмузикален и сл.Сето ова започнува со црвен тепих и интервјуа од 19 часот во Македонската опера и балет, потоа манифестацијата продолжува внатре во салата со доделување на наградите. Програмата е збогатена со хумористична глума и музика, а за крај продолжуваме со журка во холот на која ќе свират сегашни и бивши корчагински бендови.Поканети се сите бивши корчагинци, сегашни корчагинци”-вели матурантката Софија Митрова.
Таа додава дека учениците не сакаат да ги издигнуваат ниту глорифицираат професорите, туку да им покажат дека го ценат нивниот труд и напор да го трасираат нивниот пат кон квалитетно и успешно образование. Неодамнешните протести, според неа, покажале дека и покрај притисоците добар дел од професорите рамо до рамо со своите ученици го кренале својот глас против лошите образовни реформи.
“Не сакаме да издигнуваме еден професор над сите, затоа за сите професори најдовме еден епитет кој најдобро ги опишува, односно е најдоброто кај нив и тоа е начинот на кој ние сме го гледале тој професор овие четири години.Протестите, незадоволството и притисоците беа само причина повеќе, во овој период кога освен ние учениците и нашите професори се напаѓани, ние да им покажеме колку ни значи нивната подршка и да им оддадеме почит со овие мали,скромни,но значителни награди.Целата манифестација е направена од матурантите, се одржува по втор пат и е нешто што никој досега не го направил”-додава Софија.
Средношколците од скопската гимназија -Корчагин која важи за една од најдобрите математички гимназии беа во првите редови на средношколските протести. Тие се единствени во ставот дека се потребни итни промени во законските решенија за средно образование, кои треба да се креираат со вклученост на сите засегнати страни. Матурантите кои оваа година се првата генерација која ќе полага државна матура по новиот концепт кој вклучува математика како задолжителен предмет, не се задоволни од начинот на кој е најавено дека ќе се спроведува целиот проект, односно задолжителниот предмет математика ќе важи за гимназиите, а од друга страна ќе биде изборен за стручните училишта. Ова според средношколците прави поделба и директна штета на учениците од гимназиските насоки, кои години наназад во најголем број се запишуваат на општествените науки во чии наставни програми во текот на студиите нема математика.
Дополнителен проблем според средношколците е и моделот на екстерно тестирање кое велат е спротивно на европските образовни стандарди. Тоа додаваат, онака како што е поставено е неспроведливо решение и е дел од „реформите“ кои само ќе ги продлабочат, наместо да ги решат образовните проблеми. Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година, потенцираат учениците од средните училишта, не може и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа”. Овие аргументи тие ги до Министерството за образование и наука и до Бирото за развој на образование, но оттаму сеуште немаат конкретен одговор како ќе постапат по нив.
Надлежните засега новиот концепт на државна матура кој вклучува математика како трет задолжителен предмет, го правдаат со подобрување на квалитетот и основните знаења на учениците и полесен упис на факултет без притоа да образложат како истиот ќе им помогне на идните филозофи, правници,уметници....Според ресорниот министер за образование Абдилаќим Адеми матурантите ќе имаат корист од полагањето математика во државната матура бидејќи се работи за основно ниво, а не за напредно ниво на предметот кое ќе им обезбеди доволни базични знаења на учениците за овој предмет. Тие преку јавни дебати ќе ги информираат учениците за предноста од полагање на овој предмет и идеите за подобрување на целиот образовен процес.
Матурантите од скопската гимназија вечерва за момент ќе заборават на образовните проблеми и борбата за подобрување на квалитетот во образовниот процес. Велат, оваа вечер е посветена на “најдобрите меѓу најдобрите”. Веќе од утре ќе размислуваат за следните активности и прашања кои како дел од Средношколскиот пленум ги оставија отворени, а најавуваат дека ќе ги решаваат заедно со своите соученици и професори.
С.Б.

Слично