Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без трага исчезна кинески милијардер, акциите во неговата банка паднаа за 50 отсто

Без трага исчезна кинески милијардер, акциите во неговата банка паднаа за 50 отсто

Еден од најистакнатите кинески инвестициски банкари, Фан Бао, извршен директор на инвестициската банка China Renaissance Holdings е недостапен веќе неколку дена. Неговата компанија го пријавила како исчезнат и сега е во тек истрага.

Бао беше водечки бизнис брокер во Кина, а неговите клиенти беа врвни технолошки компании. По објавувањето на неговото исчезнување, акциите на China Renaissance Holdings ја загубија својата вредност и паднаа за 50 отсто.

Компанијата, објавија медиумите, не прецизираше колку долго не била во контакт со Фан, а кинескиот деловен весник Caixin цитира извори кои велат дека персоналот не можел да контактира со него веќе два дена. Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери, бидејќи Бао ја основа China Renaissance Holdings во 2005 година. Оттогаш, компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина - правејќи деловни зделки и спојувања со неколку технолошки компании во земјата, според Би-Би-Си.


Слично

Поврзани вести