Без тест за сида нема кредит!
Потврда дека не сте заразени од ХИВ, хепатит Ц, ултразвук на срце, стомак, извештај од интернист, се само дел од задолжителната документација која би требало да ја припремите за да влезете во процедура за станбен кредит, пишува српски Блиц.
Кога тоа ќе помине, можете да бидете задоволни дека здрави ќе се вселите во новиот стан кој ќе го отплаќате 30 години.
Иако е задолжително животно осигурање, со станбениот кредит во Србија како пракса, која поедини банки ја вовеле уште пред пет години, многу граѓани сега се изненадени кога ќе ја почнат процедурата за кредит, не знаејќи дека тоа значи многу лекарски прегледи и тестирања.
Секако, за тоа е потребно да се одвои време и многу пари.
Слично
