Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без странска помош немаме капацитет за излез од кризата-тврди Зеколи

Без странска помош немаме капацитет за излез од кризата-тврди Зеколи

Кога ќе го погледнете капацитетот, квалитетот и менталниот склоп на лицата кои се вовлечени во политичката сцена и тоа од сите страни, укажува на тоа дека никој од нив не покажува капацитет, спремност, одговорност и свест за мисијата која треба да ја извршува како политичар, вели поранешниот дипломат Арсим Зеколи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

За тешкиот период низ кој минува земјата и за тоа дали е можно решавање на политичката криза објаснува дека има  една мала доза на депресија, разочараност, па дури и апатија која преовладува во општеството. Тој смета дека немаме капацитет за излез од кризата без странска помош.

„Од друга страна, мора да расчистиме со една работа, овој однос на меѓународната заедница создава многу опасни преседани. Тие се можеби несвесни, но ние мораме да алармираме за последиците. Ќе ми дозволите да бидам малку поконкретен. Гледаме секоја недела се менуваа тури на странски дипломати и нивни домашни репрезенти кои ветуваат или даваат надеж за разрешување на кризата преку средби. Kонкретно со еден лидер кој со наши уши слушнавме како спрема криминални дејствија, изговара расистички коментари, со вториот кој е исто така докажано во очите на јавноста, конкретно во ушите на јавноста, како зборува за криминални договори, третиот кој веќе се има покажано како скаран со вистината и со еден многу флексибилен однос кон ветувањата што ги дава, а потоа не ги извршува и еден човек кој доброволно се става во улога на потрчко на тајните служби“ - вели Зеколи.

Тој додава дека трета опција е потребна во едно општество за критички пристап.

Слично

Поврзани вести