Без работа се 40 илјади факултетлии, 112 илјади среднисти!
Стапката на невработеност во третиот квартал од годинава бележи пад. Односно, на крајот на септември годинава 27,9% од работоспособното население е невработено, за разлика од крајот на јуни кога невработебнсота изнесувала 28,2%, а додека на крајот на март гдонава стапката на невработеност изнесувала 28,4%.
„За разлика од почетокот на минатата година кога во земјава невработени биле 29% од работоспособното население, сега на крајот од септември оваа година таа стапка е намалена, па невработени се 27,9% од работоспособното население“, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
Анализата на бројките, покажува дека на крајот на септември годинава без работа биле 267.428 луѓе, додека на крајот на јуни годинава невработени биле 270.325 луѓе, а на крајот на март годинава работа немале 272.115 луѓе.
„За разлика од почетокот на минатата година кога невработени биле 277.219 луѓе, на крајот септември оваа година невработени се 267.428 луѓе. Односно, бројката на невработени, за нешто повеќе од година и половина е намалена за 9.791 луѓе, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
Во истовреме има благ раст на стапката на вработеност. Односно,на крајот на септември годинава вработени биле 41,3% од работоспособното насление, додека на крајот на јуни годинава стапката на вработеност изнесувала 41,1%, а на крајот на март годинава вработени биле 41% од работоспосбното население.
„Односно, за разлика од крајот на септември годинава кога стапката на вработеност била 41,3%, на почетокот на минатата година стапката на невработеност била помала и изнесувала 40,6%. Односно толкав процент од работоспособното население било вработено, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
[box type="shadow" ]Анализата на бројките покажува дека на крајот на септември годинава вработени биле 690.965 луѓе, на крајот на јуни годинава вработени били 687.465 луѓе, а на крајот на март годинава вработени биле 686.277 луѓе.[/box]
„За разлика од почетокот на минатата година, кога вработени биле 678.838 луѓе, сега на крајот на септември годинава вработени се 690.965 луѓе. Тоа значи дека за нешто повеќе од година и половина бројот на вработени се зголемил за 12.127 луѓе, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
Работоспособно население
Вкупниот број на работоспособно население во земјава изнесува 958.393 луѓе. Од нив, дури 581.351 се мажи, или тоа е 60,7%, а додека 377.042 се жени, или тоа е 39,3% од вкупното работоспособно население.
Вкупниот број на вработени во земјава изнесува 690.965.Од нив, дури 417.945 се мажи, или тоа е 60,5%, а додека останатите 273.020 се жени, или тоа е 39,5% од вкупниот број на вработени.
Вкупниот број на невработени во земјава изнесува 267.428 луѓе. Од нив, 61,1% или 163.406 се мажи. Додека пак, 38,9% или 104.022 од вкупниот број на невработени се жени.
Вкупниот број на неактивно населени во земјава изнесува 714.858 луѓе.Од нив поголем дел се жени, а помал дел се мажи. Односно, 256.202 или 35,8% од неактивното население се мажи. А додека пак 458.461 или 64,2% од вкупниот број на неактивно население се жени.
Вработени според секторите
На крајот на третиот квартал годинава вкупниот број на вработени изнесува 690.965 луѓе.
Од нив, најголем дел се вработени во преработувачката индустрија.
„Таму, на крајот на третиот квартал од годинава работеле 132.742 луѓе. Најголем дел, биле вработени во секторот производство на облека 39.791 луѓе, а потоа во секторот производство на прехрамбени производи каде работат 19.563 луѓе, а останатите се во другите преработувачки сектори“, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
Потоа, во секторот земјоделство, шумарство и рибарство вработени се 124.157 луѓе. Следува трговијата на големо и мало, каде се вработени 91.019 луѓе, додека пак во градежништвото вработени се 51.112 луѓе.
Невработени и вработени според степенот на образование
Од вкупниот број на невработени која на крајот на третот квартал од годинава изнесувал 267.428 луѓе најголемиот дел биле со завршени 4 години средно образование.
[box type="shadow" ]„Па така, невработени со завршено 4 години средно образование биле 112.455 луѓе, потоа со основно образование невработени биле 64.160 луѓе, со високо образование без работа биле 40.616 луѓе, со три години средно образование без работа биле 29.017 луѓе, со незавршено основно образование без работа седеле 11.178 луѓе. Без образование работа немале 6.130 луѓе, а со више образование работа немале 3.871“, стои во податоците на Државниот завод за статистика. [/box]
Од вкупниот број на вработени што на крајот на септември годинава изнесувал 690.965 луѓе, најголем дел биле со завршено четири години средно образование.
Односно, со четири години средно образование работеле 300.007 луѓе, со основно образование вработени биле 148.204 луѓе, потоа со високо образование работеле 129.201 луѓе, со три години средно образование работа имале 75.590 луѓе, со више образование работеле 18.171 луѓе, со незавршено основно образование работа имале 16.703 луѓе, а без образование работа имале 3.089 луѓе.
