Без последици: Удрен автомобилот на српскиот премиер Вучиќ!
На службеното возило во кое се наоѓал претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ, синоќа при голема брзина налетало возило со марка „Шкода суперб“, пренесуваат српските медиуми.
Како што наведуваат, за среќа премиерот не е повреден бидејќи колоната на автомобилите со придружба се движела нешто побавно.
Вучиќ ја потврдил информацијата дека дошло со судир, но тој не е повреден.
„Точно е дека денеска автомобил налета на мојот. Не сум повреден и добро се чуствувам“, рекол премиерот.
До судирот дошло во близина на Воено-медицинската акедмија во Белград.
Слично
