БЕЗ ПЦР ВО ТУРЦИЈА: Туристи од 16 земји може да летуваат на турското ктајбрежје без тест за ковид
Турските власти
соопштија дека туристи од 16 земји и региони нема да мора да имаат со себе негативен ПЦР-тест при патување во Турција,
јави агенцијата Анадолија.
Министерството за здравство на Турција денеска соопшти дека на листата на
земји и региони се наоѓаат Хонг Конг, Кина, Тајван, Виетнам, Австралија, Нов
Зеланд, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Израел, Јапонија, Велика Британија,
Летонија, Луксембург, Украина и Естонија.
Оваа одлука на турските власти, како што наведува Министерството за здравство стапува на сила на 15. мај.
Слично
