Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без конкретни најави за инвестиции Баварците заминаа од Македонија

Без конкретни најави за инвестиции Баварците заминаа од Македонија
Германската бизнис делегација од Баварија ја заврши на дводневната посета на Македонија.  Претставниците на 13 германски компании од областа на енергетиката, фотоволтаиката, малите хидроцентрали, металопреработувачката индустрија, информатичката технологија и медицината беше предводена од Улрике Волф, раководител на одделoт за надворешна економија и маркетинг при Сојузното министерство за економија, инфраструктура, сообраќај и технологија на Баварија и Маркус Лотч, извршен директор на Стопанската комора во Нинберг. Тие ја посетија Технолошката индустриска развојна зона во Бунарџик, а ја ислушаа и презентацијата на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој зборуваше колку поволности се нидат за инвестирање во земјава. Министерот за странски инвестиции, Бил Павлевски пак истакна дека повеќе германски компании веќе инвестирале во Македонија и биле задоволни од условите. „Македонија и Баварија традиционално негуваат посебни економски односи. Минатата година размента изнесуваше 675 милиони евра. По одржаните деловни средби помеѓу германските и македонските стопанственици се надеваме дека овој размената ќе се зголеми“, изјави Мартин Кнап, директор на претставништвото на стопанска комора на Германија во Македонија. Организатор на посетата е Претставништвото на стопанска комора на Германија во Македонија под покровителство на баварското министерство за економија и технологија и Бајерн Интернационал. Баварија е една од шеснаесте германски покраини, која е економски најмоќна, со извозен рекорд минатата година од 166 милјарди евра, се пофалија германските гости потсетувајќи на баварските компании BMW, MAN, ADIDAS и AUDI Баварија.
Слично

Поврзани вести