Без кавги и расправии „Достоинство“ ја напушти коалицијата со СДСМ
Поради значајни концепциски разлики со политичките партнери , партијата Достоинство преводена од Стојанче Ангелов ја напушти коалицијата „Сојуз на иднината“. На денешната прес конференција по повод оваа одлука, Ангелов истакна дека и при заминувањето од коалицијата постои взаемно почитување и демократски дух.
„Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ и останатите партии од Сојузот за иднината, зашто раздружувањето не се случува како што е вообичаено кај нас, туку со еден висок тон на демократска култура и взаемно почитување“, рече на прес-конференцијата Ангелов.
Ангелов уште еднаш повтори сека неговата партија нема да се откаже од својата цел и како што истакна, ќе продолжи да го докажува својот патриотизам.
„Достоинство е над се патриотска партија. За разлика од многумина други, нашиот патриотизам го докажуваме војувајќи за Македонија. Ние ниту во 2001 година, ниту денес не се откажуваме од нашата борба за Македонија. Затоа Достоинство никогаш нема да престане да се бори за спас на Струга, Кичево, Гостивар, Тетово и на сите останати македонски градови и села кои се загрозени со големоалбанскиот екстремизам. Достоинство никогаш нема да прифати стручно толкување на законот за амнестија, и амнестирање на воените злосторници опфатени со хашките случаи“, изјави Ангелов кој истакна дека партијата никогаш нема да дозволи припадниците на УЧК да бидат израмнети со бранителите, од 2011 година.
Слично
