Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЗ ДУША СУМ И НЕ ЗНАМ КАКО ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕАМ ОВА: Ексклузивна исповед на Светлана Бориловиќ, мајка на монструмот од Цетиње

БЕЗ ДУША СУМ И НЕ ЗНАМ КАКО ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕАМ ОВА: Ексклузивна исповед на Светлана Бориловиќ, мајка на монструмот од Цетиње

Два дена по страшниот масакр во Цетиње, Светлана Бориловиќ не може да поверува дека нејзиниот син Вук убил 10 луѓе, меѓу кои и две деца на своите станари, а на крајот и самиот паднал од куршум. Во ексклузивна изјава за Република.рс, скршена од болка, таа истакнува дека е подобро да го нема повеќе кога веќе направил злодела.

Несреќната жена во солзи вели дека ништо не навестувало трагедија и дека нејзиниот син е подготвен да убие човек, а камоли десетици свои сограѓани и две момчиња, негови станари, кои брутално ги застрелал на ручек.

- Без душа сум и не знам дали ќе ја преживеам оваа голгота. Како може ова од моето дете да ми се случи, цел град и држава да го зацрнам?! Зошто, синко, постојано се прашувам, а одговор никогаш нема да добијам - вели Светлана.

- Бев на работа. Ме донесоа дома кога се беше готово и кога и тој беше мртов, дури подоцна дознав што се случило, проклета да бидам. Подобро е да го нема кога го изврши злосторството.


Слично

Поврзани вести