Без договор на Груевски и Заев, решението го бараат на улица?
Состанокот на четворицата македонски политички лидери, со посредство на ЕУ и САД, е завршен без договор за начинот на надминување на повеќе месечната политичка криза во земјата. Опозицијата „кампува“ пред Владата, ВМРО-ДПМНЕ спрема контрамитинг.
Заев изјави дека СДСМ инсистира на нова влада, без разлика на тоа дали ќе биде преодна, експертска, или политичка.
Тој потврди дека утре ќе отиде во Стразбур и дека таму очекува дека ќе слушнат конкретни предлози за решение на политичката криза, како и дека наредниот состанок на „четворката“ договорен за 26 мај.
Објасни дека сите партии учеснички на маса ги ставиле своите предлог теми за разговор, но сега ништо од тоа не е отворено, бидејќи како што рекол, претходно е неопходно да се исполнат некои услови, а тоа е сите учесници да бидат рамноправни во дијалогот и гаранција дека ќе биде спроведено она што ќе биде договорено.
„Очигледно е дека засега нема договор“, рече Заев и додаде дека СДСМ инсистира на нова влада без разлика дали ќе биде преодна, експертска, или политичка.
И претходниот состанок, одржан во петокот, не беше успешен, бијдеќи Груевски и Заев останаа цврсто на своите видувања за решавање на кризата.
Заев, на новиот состанок, беше јак за големиот митинк кој вчера вечерта се одржа во Скопје, но уште не е доволно силен да го натера премиерот Груевски да поднесе оставка.
Премиерот пак очекува, вечерва, пред Собранието да се соберат повеќе луѓе отколку претходната вечер, со што, барем на некое време ќе ја задржи релативната стабилност во своите редови.
Обидите македонските политичари „да дојдат“ до решение на кризата ги посредуваат амбасадорот на САД Џес Бејли и ЕУ Аиво Орав.
Делумно, решението на кризата во Македонија зависи и од двајцата албански лидери, Али Ахмети шефот на ДУИ и лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, чија политичка иднина во голема мерка зависи од исходот на кризата.
Ахмети и Тачи се под голем притисок на Албанците поради низа нејаснотии околу акцијата на полицијата во Куманово, но уште позначајно, поради обвиненијата на кој начин не претставуваат албански интереси.
Груевски, кој донекаде го поддржа Ахмети,предложи кризата да се реши со формирање а работни групи, кои ќе ги отстранат сите постоечки дилеми, вклучувајќи ја и истрагата за аферата прислушување на околу 20 000 луѓе.
Заев, чии ставовои ги зајакна масата демонстранти на улиците на Скопје, тражи формирање на преодна влада, и создавање на предуслови да во доголедно време се одржат нормални избори, и после тоа, да се решат аферите.
Во Скопје синоќа се одржа антивладин митинг на кој се инсистира на оставка на премиерот, а после официјалниот дел заедно група граѓани ноќеваше пред Владата на Макеоднија.
Премиерот во саботата во повеќе интервјуа на државните медиуми порача дека не планира да си даде оставка бидејќи тоа го смета за кукавички чин.
