Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без договор меѓу Заев, Ивановски и Јовановски, се отвораат вратите Црвенковски да остане лидер на партијата?

Без договор меѓу Заев, Ивановски и Јовановски, се отвораат вратите Црвенковски да остане лидер на партијата?
Четворица кандидати засега официјално ќе атакуваат за лидерската позиција во СДСМ, но до крај неизвесно ќе биде и дали актуелниот претседател Бранко Црвенковски ќе ја отфрли инцијативата за токму тој да биде единствен кандидат на претстојниот конгрес закажан за 02 јуни. Имено, договорот меѓу кандидатите, како што наведуваат неофицијални извори, бил услов, Црвенковски да ја отфрли иницијативата. Заев, Ивановски, Јовановски и Наумов четворица кандидати Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумов се четворицата кандидати кои ќе се борат за позицијата претседател на најголемата опозициска партија. Конгресот на СДСМ е закажан на 2 јуни. Откако не беше постигнат договор за намалување на бројот на кандидатите на двајца или најмногу тројца, синоќа Извршниот одбор на партијата одлучи да останат во игра сите четворица. Кампањата по општинските организации  почнува веќе од денес. Извори блиски до кандидатот Заев, тврдат дека вака како што сега стојат работите, најголеми шанси за превземање на претседателската позиција има Зоран Заев, но сепак неизвесно ќе биде до самиот крај. Ивановски сакал да ја повлече кандидатурата, но Јовановски одбил Високи партиски извори за „Фактор“ тврдат дека Ивановски бил согласен да ја повлече кандидатурата, но Јовановски одбил, по што е одлучено на когресот на 02 јуни да се кандидираат сите четворица Заев, Ивановски, Јовановски и Наумов. Доброупатени извори во партијата пак коментираат дека сето ова наводно било игра за да Црвенковски на 02 јуни, сепак ја подржи иницијативата за единствен кандидат зад која според информациите наводно се потпишале 20 илјади членови. Оваа своја теза изворите за „Фактор“ ја потврдуваат со наводна изјава на актуелниот лидер Црвенковски кога тој им порачал на тројката Заев, Ивановски и Јовановски или да се договорат или на конгресот на 02 јуни ќе ја прифати иницијативата за единствен кнадидат за претседател да биде токму тој. Црвенковски досега неколку пати пред сопартијците потврдил дека нема намера да ја прифати кандидатурата, но сепак досега тоа јавно не го соопштил. Партиски извори тврдат дека токму затоа и намерно се пролонгирала целата работа со (не)повлекување на кандидатите за да се добие дополнително време за убедување на делегатите и ветувањата околу членови на нов Централен одбор. Ваквото сценарио, од друга страна е непосакувано не само од дел од членството на СДСМ, туку нема, речиси никаква поткрепа ниту кај меѓународнуиот фактор, кој, сакал да види сосема нов и ребрендиран СДСМ, како силен пандан на ВМРО ДПМНЕ, а такво нешто нема да биде можно доколку влијанието на Црвенковски, директно или преку некој од лидерите остане силно. Почнува битката и за нов Централен одбор Паралелно со кампањата пред своите сопартијци, делегати за лидерското место во СДСМ, на конгресот ќе се избира и нов Централен одбор. Партиски извори за „Фактор“ тврдат дека и во изборот на нови членови на Централниот одбор ќе се бие голема битка. Доброупатени тврдат дека еден од кандидатите за претседател на партијата Зоран Заев по најавите дека во Централниот одбор не треба да има место за некои од пратениците и луѓето блиски до Црвенковски го собрал својот гнев токму од тие луѓе. Инаку, Централниот одбор брои околу 80-тна луѓе и нив исто така ги избираат на конгрес делегати. Новиот претседател на паријата несомнено ќе сака да направи свој тим, на тој начин презентирајќи еден нов СДСМ. Токму затоа не само битката за престолот, Заев, Ивановски, Јовановски и Наумов во истовреме ќе ја водат и битката за членови во Централниот одбор. Кире Наумов денес ги чека на кафе противкандидатите Зоран Заев, Игор Ивановски и Зоран Јовановски почнуваат со кампањата по општинските организации, четвртиот кандидат за претседател на СДСМ Кире Наумов потсетува дека денес ги очекува на кафе своите противкандидати, порачувајќи им дека до 02 јуни од нив очекува фер и достоинствена кампања. Наумов исто така е убеден дека ќе победи и дека од 02 јуни токму тој ќе ја презеде претседателската палка во најголемата опозициска партија. Битка за секој делегат 705 делегати на 02 јуни годинава ќе избираат претседател на СДСМ. Фактор веќе објави повикувајќи се на доброупатени извори од месните одбори на партијата посочуваат дека во СДСМ изминатиов период се воделе невидени игри. Најголем дел од кандидатите за претседател реагираат и на списокот на делегати кои ќе гласале на конгресот на 02 јуни, а меѓу нив биле сестрата на актуелниот претседател Бранко Црвенковски, делегат од општина Аеродром, таткото на Наташа Савова, најблиската соработничка на Црвенковски и директор на секторот за комуникации во СДСМ, од општина Карпош, а од истата општина како делегат е и мајката на Никола Колевски (поранешен директор на Пазарниот инспекторат) кој се смета за близок до крилото на Црвенковски, Савова и веќе кандидатот за лидер на СДСМ, Игор Ивановски. И.М.
Слично

Поврзани вести