Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без членовите на СДСМ ДИК го усвои Роковникот за изборни дејствија

Без членовите на СДСМ ДИК го усвои Роковникот за изборни дејствија

Во отсуство на опозициските членови во ДИК, денеска беше усвоен роковникот за предизборниот период.

Засега не е познато зошто Виолета Дума и Игор Милев не биле присутни на седницата.

Државната изборна комисија одлучи, Избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април во рок од 15 дена.

Партиите пак кандидатските листи ќе треба да ги заклучат на 11 мај за веќе од 16 да започне изборната кампања а готовиот избирачки список треба да биде готов на 19 мај.

Од избирачкиот список ќе се избришат само 1.135 лица за кои е утврдено дека се починати.

Нејасно е дали Александар Чичаковски по завршување на сите процедури на Избирачкиот список ќе стави потпис на истиот.

Тој останува на ставот дека избирачкиот список не е подготвен за избори, ама денеска присуствувал на седницата за да може технички да се одржи.

Комисијата побара од Министерството за внатрешни им се достават материјали за сомнителни гласачи, но од МВР велат дека не се во можност до 5 јуни да ги направат проверките на сите податоци.

Слично

Поврзани вести