Економија, финансии, бизнис

Контакт

Без бонуси останаа пензинерите и државните службеници на Грција за Велигден

Без бонуси останаа пензинерите и државните службеници на Грција за Велигден

Државните службеници и пензионерите во Грција оваа година нема да добијат бонуси за Велигден. Бонуси ќе добијат само вработените во приватниот сектор, јавија грчките медиуми.

Износот на бонусите ќе биде определен во зависност од платите и изработените денови. Бонусите ќе бидат исплатени следната недела.

Грчката организација за контрола на храната ги предупреди во меѓувреме граѓаните за време на празниците да пазаруваат само од официјалните и проверените места на пазарите.

- Купувајте само месо од фрижидери или од магацините со ладилници, со етикети и печати на него, а не месо изложено на отворено, за кое постои ризик да се загади со прав и бактерии. Истото важи и за јајцата и за боите за вапцање јајца, советува организацијата.

Слично

Поврзани вести