БЕТОН ѕида рекордна добивка
Скопски Бетон, компанијата зад која доминантно стои бизнисменот Минчо Јорданов лани оствари исклучителни резултати, најдобри во последниве десет години.
Според објавените податоци на Македонската берза, фирмата забележала годишна добивка од 91.088.998 денари (скоро 1,5 милиони евра), што е за речиси една третина повеќе од преклани.
Во 2015 година се остварени вкупни приходи од 3.012.172.913 денари (49 милиони евра), кои во споредба со 2014 година се повисоки за 9,18%.
Зголемени се и вкупните расходи до ниво од 2.902.861.644 денари, што е за 8,64% повеќе во однос на истиот период од претходната година.
Лани првпат Бетон подели дивиденда од 1100 денари по акција, што беше фантастичен принос.
Во 2014 година БЕТОН оствари профит поголем за 44% во споредба со 2013 година, годинава за 30 % во однос на 2014, што според познавачите значи значајно позиционирање на градежниот пазар.
Слично
