Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бетон со раст на добивката за 8%

Бетон со раст на добивката за 8%
Градежната компанија Бетон заедно со трите друштва лани остварила нето добивка по оданочување од 755 810 евра. Споредено со добивката од 2012 година, забележан е раст од  8%.  Во финансиските извештаи за работењето на компанијата објавени на Македонската берза се наведува дека: „Консолидираните финансиски извештаи, покрај матичното друштво ги вклучуваат и извештаите на трите друштва, Бетон-Про ДOO Скопје, Бетон-Каменолом ДОО Скопје, Бетон-Рудник ДОО Скопје. Секое од овие друштва стопанисува со  една од добиените концесии за експлоатација на минерални суровини и тоа Бетон- Про ДOO Скопје  на локалитет Краста, Бетон-Рудник ДОО Скопје со концесијата на локалитет Ѓопчели и Бетон- Каменолом ДОО Скопје  на локалитет  Оризари,стои во објаснувањето од компанијата. Лани, вкупните приходи на друштвото изнесувале 45,4 милиони евра и во однос на 2012 година се забележува пад од 9% на приходите. Вкупните расходи пак минатата година изнесувале  44,5 милиони евра и во однос на 2012 година има пад на расходите од 10%. Во билансот на успех на друштвото за градежништво Бетон е наведено дека има раст и  кај побарувањета што друштвото ги има од купувачите, но и кај обврските што друштвотот ги има кон добавувачите. Односно, побарувањата од купувачите се зголемени за 8% во однос на 2012 година, и лани изнесувале 28,2 милиони евра, додека пак обврските на друштвото кон добавувачите изнесуваат 18 милиони евра и се зголемени за 23% во однос на 2012 година.
Слично

Поврзани вести