„Бетон“ – Скопје остварува добивка најмногу благодарение на проектите од нискоградба
Градежната компа нија Бетон - Скопје во првото тромесечие на 2014 година оствари позитивен финансиски резултат и нето добивка од 18.700.378 денари (околу 304 илјади евра), што е за 7,41 % повисока во однос на нето добивката остварена во истиот период од минатата година.
Вкупните приходи на износ од 559.021.872 денари бележат пораст од 8,69% во однос на остварените приходи истиот период во 2013 година.
Остварените вкупни расходи на износ 540.321.494,00 денари бележат пораст од 8,73 % во однос на остварените расходи за истиот период во 2013година.
Во првото тромесечие продолжува трендот на пораст на вкупните приходи а со тоа и на позитивниот финансиски резултат што се должи на зголемените активности во градежништвото особено во областа на нискоградбата, информираат од „Бетон“.
Слично
