Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бетон Штип во офанзива, Гранит умерено расте, скопски Бетон држи статус кво!

Бетон Штип во офанзива, Гранит умерено расте, скопски Бетон држи статус кво!
Гранит, Бетон Скопје и Бетон Штип заедно направиле приход од продажба во износ од 1,17милијарди денари (речиси 19 милиони евра), но за нивните деловни операции за три месеци платиле камати од речиси 350.000 евра, а финансиските расходи кај секој од нив се повисоки од лани! Од податоците за приходи и расходи се гледа дека најмалиот „брат“ Бетон Штип е во офанзива, Гранит умерено расте, а Бетон Скопје ја одржува својата пазарна позиција. Трите големи македонски градежни компании : Бетон Скопје, Гранит и штипски Бетон за првите три месеци годинава направиле приходи од продажба од 1,17 милијарди денари (околу 19 милиони евра)  и тоа е подобро од реализацијата во истиот период лани за околу сто милиони денари. Официјалните бројки покажуваат дека во првиот период годинава најдобро се снашол најмалиот „брат“, а тоа е штипски „Бетон“ затоа што успеал да ги зголеми приходите од продажба за фантастични 74 отсто додека двете поголеми градежни компании скопскиБетон и Гранит стагнирале во овој период во споредба со лани. Многу важно и заедничко за сите три компании е тоа што во овој период драстично растат нивните финансиски расходи. Од ова може да се заклучи дека трите градежни фирми во првиот квартал годинава силна поддршка добивале од банките за нивните деловни операции. Што може да укажува на комбинација од експанзија на нивните активности, но и потреба од зголемено кредитирање заради намалена наплата на завршените работи. Од аспект на обемот на финансиски расходи спореден со обемот на работа изразен преку приходите од продажба се гледа дека штипски Бетон има најголеми финансиски расходи во споредба со другите две поголеми компании Гранит и Бетон Скопје. Наспроти него пак Гранит како компанија со најголеми приходи има најмала сума за финансиски расходи во споредба со другите два конкуренти. Тоа може да значи дека Гранит или користи најмалку кредити за градба, што е тешко веројатно или пак има подобри каматни услови од другите две компании што може да е изгледно особено заради тоа што е најголема од овие компании и можеби има најдобри услови во преговорите со банките. gradeznici Од достапните податоци се гледа дека штипски Бетон за финансиски расходи дал околу 85.000 евра за три месеци што е 84 отсто повеќе од истиот период лани. Гранит што е најголем од трите компании за истиот период дал околу 110.000 евра и неговите расходи пораснале за 76 отсто во споредба со првиот квартал лани, а кај скопски Бетон тие надминуваат 200.000 евра, а пораснале за 137 отсто во однос на лани. Заедничко за трите компании е и тоа што растеле трошоците за вработените. Најинтензивен раст и тука има кај штипски Бетон и тоа за 44 отсто, но значајни суми за вработените се плаќани и во Гранит со раст од 12 отсто и кај Бетон Скопје со 13 отсто.
Слично

Поврзани вести