Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бетон ја зголеми добивката во првиот квартал за 15 проценти!

Бетон ја зголеми добивката во првиот квартал за 15 проценти!
Во првото тромесечие на 2013 година остварен е позитивен финансиски  резултат и искажана е нето добивка од 17.409.656,00 денари(283 илјади евра), што е за 14,90 % повисока во однос на нето добивката остварена во истиот период од минатата година, се вели во известувањето на АД БЕТОН до берзата. Вкупните приходи во износ од 514.349.968,00 денари бележат пораст од 17,60% во однос на остварените приходи во 2012 година. Остварените вкупни расходи во 2013 година на износ 496.940.312,00 денари бележат пораст од 17,70 % во однос на остварените расходи за истиот период во 2012година. Во првото тромесечие продолжува трендот на пораст на вкупните приходи, а со тоа и на позитивниот финансиски резултат што се должи на зголемените активности во градежништвото особено во областа на високоградба и нискоградба. Земајќи ги предвид активностите во стопанството, комбинирано со зајакнатите мерки за подобрување на ефикасноста на работењето во компанијата се очекува понатамошно зголемување на остварениот позитивен финансиски резултат.
Слично

Поврзани вести