Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бест Веј Инвестмент: Немаме никаква намера да се вратиме во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово

Бест Веј Инвестмент: Немаме никаква намера да се вратиме во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово

Компанијата Бест Веј Инвестмент како целосно измислени и невистинити ги демантира наводите во вашиот денешен текст “Мијалков сака да се врати во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово”. 

Велат дека станува збор за паушални и погрешни претпоставки кои немаат никаква реална основа. 

„Имено, Бест Веј нема никаква намера да се врати во бизнисот со ЗК Пелагонија и Здравје Радово, како што наведувате во текстот. Уделот во Софија градба е продаден уште во 2018 година, а постапката за спроведување во Централен регистар е во тек. По нејзиното завршување новото сопствеништво ќе биде впишано во регистарот. Целосно неточни се и наводите за каква било соработка со Орка Холдинг. Бест Веј во моментов нема никакви заеднички инвестиции со компанијата, ниту има намера за некакви односи со Орка Холдинг“, велат од компанијата. 

Слично

Поврзани вести