Бесплатно возејќи се со воз младите заштедиле половина милион евра
Бесплатно возејќи се во воз на трошок на државата, младите заштедиле повеќе од половина милион евра
Бесплатно со воз се возеле 84.000 млади луѓе од Македонија, преку мерката која ја овозможи Владата.
Оваа мерка беше дел од програмата во 2014 година, и предвидуваше бесплатен железнички превоз во секој трет викенд за младите во земјата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски објаснува дека мерката стартуваше веднаш по изборите, со што им се излезе во пресрет на младите.
„Подоцна во оние 40 проекти за млади одлучивме да ја прошириме и да не биде секој трет туку, секој прв и трет викенд во месецот. Можам да кажам дека одлично се спроведува затоа што до сега 84.000 млади луѓе ја искористија и заштедиле над половина милион евра“ - кажа Груевски.
Бесплатниот железнички превоз ќе важи и во иднина за оваа категорија на граѓани.
