Бесплатниот превоз за пензионери во недела ќе ја почека новата Влада
Бесплатниот превоз за пензионерите и во неделите ќе започне да се применува по конституирање на Влада на Република Македонија, велат од ЈСП Скопје во денешното соопштение.
„Согласно Законот за спречување на корупцијата – превозот односно Одлуката за користење на бесплатен превоз на возрасните граѓани - 62 години жени и 64 години мажи во недела ќе започне да се применува по конституирање на Влада на Република Македонија“, истакнуваат од ЈСП Скопје.
Претходно, од ЈСП најавуваа дека бесплатниот превоз во недела ќе започне по конституирањето на Собранието. За пензионерите во моментов бесплатен е превозот во автобусите на ЈСП во вторник, петок и сабота.
Слично
