Бесплатниот превоз не важи за средношколците додека се на распуст
Бесплатното патување во градскиот јавен превоз, кое за средношколците требаше да стартува од Нова година, нема да важи за време на распустот.
Тоа значи дека до 20-ти јануари средношколците ќе плаќаат редовен билет.
Ова го соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“
За разлика од нив, граѓаните над 62 години (жени) и над 64 години (мажи) можат бесплатно да се возат низ празниците во вторник, петок, сабота и недела.
Слично
