Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатни советувалишта за оние кои сакаат се откажат од пушење

Бесплатни советувалишта за оние кои сакаат се откажат од пушење

Во Македонија за прв пат од утре ќе почнаат да работат советувалиштата за откажување од цигари во сите центри за јавно здравје.

Ова денеска на прес-конференција го најави министерот за здравство Никола Тодоров, кој појасни дека советувањето ќе биде бесплатно.

- Од утре до средината на август, советувалиштата ќе бидат достапни за лекарите. Од 20 август советувалиштата ќе бидат достапни и за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје, а воедно ќе бидат воведени и посебни термини наменети за советување за откажување од пушење кај адолесцентите, рече Тодоров.

Програмата првенствено е наменета за здравствените работници кои се пушачи, а за граѓаните ќе биде отворена од 20. август.

Министерот исткна дека ќе има групна едукација на сите лица кои ги посетуваат советувалиштата (околу 10-тина во група), како и индивидуална едукација на лицата кои ќе искажат желба и волја да се откажат од пушењето.

Обучени кадри ќе ги одржуваат едукативни предавања, а во зависност од околностите предвидена е и соработка со психолози, соопшти министерот Никола Тодоров
Слично

Поврзани вести