БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ: Oд први декември се укинува партиципацијата за бремените жени
Со цел да се намали смртноста кај бремените жени и новороденчињата, од први декември жените ќе имаат право на бесплатни прегледи во текот на бременоста.
Од следниот месец трудниците кои имаат здравствено осигурување ќе можат бесплатно да прават гинеколошки и микробиолошки прегледи и биохемиски анализи.
Овие услуги од јануари, ќе бидат бесплатни и за бремените жени кои немаат здравствено осигурување.
Овие мерки се со цел да се намали смртноста кај новороденчињата и трудниците.
Инаку, цела Европа, најмногу новороденчиња умираат во Македонија, покажуваат податоците на Платформата за родова еднаквост и Х.Е.Р.А.
Градови кои се први на листата се Дојран, Берово, Гевгелија и Крушево.
Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека стапката на смртност на новороденчиња непосредно по раѓањето е 14,3 отсто што е на највисоко ниво во Европа и тројно повисоко од Европскиот просек кој изнесува 5,2.
