Бесплатни обуки за компјутери и англиски јазик
Сите млади кои се заинтересирани за посетување на бесплатна обука за англиски јазик и компјутери, можат да се пријават во Агенцијата за вработување.
Низ општините во Македонија од денеска ќе бидат поставени штандови на кои младите ќе се информираат за обуките.
Целта е преку овие обуки младите да ја зголемат конкурентноста и полесно да дојдат до вработување.
За да се организираат вакви обуки во една општина треба да има најмалку десет пријавени кандидати.
Обуки за англиски и компјутери се спроведуваа и претходните години со иста цел.
Слично
