Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатни елаборати за семејствата коишто ги пропуштија роковите

Бесплатни елаборати за семејствата коишто ги пропуштија роковите
Бесплатни елаборати ќе добијат семејствата коишто ги пропуштија роковите, најави лидерот на ВМРО­-ДПМНЕ , Никола Груевски на својот Фeјсбук профил. При теренските посети во радовишко Ораовица, граѓаните кажале дека својот имот не може да го запишат во катастар и да стекнат имотен лист и легална сопственост поради потребата за изработка на елаборати кој инаку не се бесплатни. Груевски вели  дека постапката е предвидено да биде многу едноставна, граѓаните кои поседуваат ваква градежно-­техничка документација ќе треба да се обратат во едно од 30 -те подрачни одделенија на катастарот, каде што ќе треба да пополнат барање и остават контакт телефон. Потоа екипи од катастарот ќе излезат на лице место, ќе направат премер на објектот и ќе изготват бесплатен геодетски елаборат кој заедно со градежно­техничката документација ќе биде основ за запишување на правото на сопственост на објектот и добивање на имотен лист за истиот. „Наредно што престои е по овие измени да одлучи Собранието. Очекувам да го усвои овој закон и да придонесе во остварување на интересот на граѓаните. Оваа можност ќе значи заштеда за буџетите на граѓаните. Продолжуваме да работиме на реализација на барањата и да придонесуваме за доброто на сите граѓани­. Тоа се домаќинства кои ја пропуштија можноста која беше достапна до 2012 година, целокупната градежно­-техничка документација кои ја поседуваат за своите изградени објекти да ја достават до катастарот со цел покрај парцелите во катастарот бесплатно да се запишат и објектите“ - напиша Груевски. Проценките се дека 5 000 домаќинства кои поседувале градежно-­техничка документација во тој период, поради различни причини не ја искористиле можноста за бесплатен премер на нивниот објект и бесплатно запишување во катастарот на недвижности.      
Слично

Поврзани вести