Бесплатна линија кај Народниот правобранител
За време на одржување на вториот круг од локалните избори и прегласувањата во 4 избирачки места за избор на градоначалник на општина, во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
За граѓаните отворени ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, а исто така граѓаните ќе можат помош и заштита на своите права да побараат на телефонските броеви: Тетово 044 344- 082, Струмица 034 329 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389 701, Куманово 031 431-488.
„Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, стои во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија.
