Бесплатен воз за младите два викенда во месецот
Најавените бенефиции за бесплатно возење со воз од денеска почнаа да важат за сите млади лица до 27 години.
Покрај третиот викенд во месецот, за младите возот ќе сообраќа бесплатно и секој прв викенд во месецот од петок во 12 часот на пладне до понеделник на пладне.
Првата група на млади денеска го искористија бесплатниот превоз и патуваа во Велес.
Субвенциите на оваа мерка досега ги имаат искористено преку 50.000 млади луѓе до 27 години.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вели дека преку оваа мерки од џебовите на младите се заштедени преку 300 илјади евра.
Околу пристигнувањето на новите кинески возови, Мисајловски вели дека двата од нив веќе се пуштени во сообраќај, а третиот е пристигнат, но моментално е на тестирање.
