Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бесплатен превоз за пензионерите и студентите и кај приватните превозници?

Бесплатен превоз за пензионерите и студентите и кај приватните превозници?

Градот Скопје ќе му даде вкупно 5,4 милиони евра субвенции на ЈСП –Скопје, за тешкотии во работењето, за системот за интелегентна наплата, за бесплатниот превоз за пензионерите и студентите. По ставки за оперативни трошоци и потешкотии во работењето, ЈСП –Скопје ќе добие речиси 1,8 милиони евра, за набавка на опрема за имплементација на АЛВ систем и систем за интелегентна наплата 975.609 евра, за функционирање на АЛВ и систем за интелигентна наплата, 813 илјади евра, за бесплатниот превоз за пензионерите и студентите 1,6 милиони евра. Од Градот посочуваат дека во согласност со Одлуката за линиски поревоз на патници, субвенциите кои се наменети за ЈСП„Скопје“ - Скопје индиректно ќе бидат наменети и за приватните превозници со дозвола, бидејќи од оваа година, Градот Скопје ќе го имплементира концептот исплата по изминат километар.

„Во Буџетот на Град Скопје за 2017 година се предвидени 100.000.000,00 денари средства со цел да се зголеми атрактивноста во јавниот превоз а посебно кај најранливата категорија на патници и тоа возрасни лица (над 62 години старост за жени и над 64 години старост за мажи) во вторник, петок, сабота и недела и бесплатен превоз на редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети.Од оваа година овие категории ќе имаат бесплатен превоз и кај останатите превозници кои поседуваат Дозвола за линиски превоз на патници на подрачјето на Град Скопје“, стои во образложението од Градот Скопје.

Дополнително ЈСП –Скопје ќе добие од Градот и 175 илајди литри гориво еуродизел  за справувањето со кризната ситуација од поплавите во регионот на Скопје и за спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина „ 2016 година. 

Субвенции ќе добијат ЈП Градски паркинг и ЈП Улици и патишта

Иако пред неколку години градските власти порачаа дека нема да г и субвенционираат јавните претпријатија, оваа пракса продолжи. Освен ЈСП-Скопје, годинава субвенции ќе добијат и ЈП Градски паркинг и ЈП Улици и патишта. Градот на ЈП Градски паркинг ќе му префрли близу 407 илјади евра за набавка на нови велосипеди и за потешкотии во работењето. ЈП Улици и патишта од Градот ќе добие вкупно 293 илјади евра за  покривање на оперативните трошоци за користење, управување и одржување на Центарот за управување и контрола на сообраќај,Системот за автоматско управување на сообраќајот и за изградба и реконструкција на локални патишта.  

Т.С

Слично

Поврзани вести